ТФТ Mozzart со поразот од Горица (83-64) ги загуби шансите за пласман во плеј-офот во АБА-2 лигата, а до крајот има уште два меча, за кои тренерот Боро Смилковски најави дека ќе се одиграат чесно, а потоа тимот ќе се насочи кон домашните предизвици.
Ланскиот Куп-освојувач на Македонија, екипата на ТФТ Mozzart, доживеа нов пораз во АБА-2 лигата. Подобри од тафталиџани беа кошаркарите на Горица кои на отворањето на последниот период дојдоа до триумф (83-64).
Екипата на Пелистер го забележа четвртиот триумф во петте натпревари во АБА2 лигата, славеше над Горица (91-100) и останува меѓу најдобрите екипи во регионалното натпреварување.
Кошаркарите на Пелистер ја запишаа четвртата победа во АБА-2 лигата, откако славеа против Горица (91-100) во рамките на петтото коло во „балонот“ во Сараево. Избраниците на Марјан Илиевски долго се мачеа против последнопласираната екипа на табелата, меѓутоа во завршните минути блесна Бобан Стајиќ кој го поведе тимот до победата.