Екипата на ТФТ забележа голема победа во рамки на Суперлигата и на домашен терен славеше над МЗТ Скопје (73-69) во дербито на колото на македонскиот кошаркарски шампионат. Тафталиџани го искористија заморот на ривалот кој играше на завршниот турнир во АБА-2 и ги израдуваа своите фанови. Мечот го реши драматична завршница, откако ТФТ тргна лошо, фати приклучок, а потоа и ја презеде играта под своја палка. За МЗТ ова беше четврти пораз сезонава, или прв во втората фаза од кошаркарското натпреварување.