• Горан Упале

Кошаркарите на Тиквеш му се реваншираа на Шкупи за поразот во нивното прво соочување оваа сезона и пред својата публика во салата „Јасмин“ извојуваа убедлив триумф од 106-92. На тој начин кавадарчани експресно се вратија на победите во Прва лига, откако во претходното коло ја загубија драмата против Феникс 2010.
- Комплетниот натпревар меѓу Тиквеш и Шкупи:
Стартот на натпреварот не наговестуваше ваков крај, затоа што гостите од Чaир ја добија првата четвртина со 22-26, а потоа одлично му парираа на домашните кошаркари. На полувреме се замина со 46-47 за Шкупи, по што следуваше фантастично издание на кошаркарите на Тиквеш, кои во третата четвртина постигнаа 33 поени и поведоа со убедливи 18 поени разлика (79-61).
Во последните десет минути се играше ефикасно на двете страни, а Шкупи успеа само да го ублажи поразот и на крај загуби со 106-92.
Глигоријевиќ и Хил со по 23 поени беа најпрецизни во домашниот табор, додека за гостинскиот тим блесна Сила со 38 поени и 13 скока, но не ја доби потребната поддршка од соиграчите.