Тиквеш си ја заврши работата и опстана во прволигашкото друштво

Екипата на Тиквеш си ја заврши задачата и во следната сезона ќе игра елитна кошарка, затоа што тимот дома го совлада Гостивар со резултат 96-74 во второто коло од плеј-аутот, па последните два меча ќе бидат формалност.

  • Комплетниот натпревар меѓу Тиквеш и Гостивар:

Кавадарчани не оставија ништо на случајноста и со двете победи во воведните два меча од плеј-аутот си ја заврршија задачата. Иако Гостивар отвори подобро и по десет минути имаше 17-29, играта беше под нивото во следните три периоди.

Елис кај Гостивар беше најдобар со 28 поени, додека кај Тиквеш, Хил имаше 18 поени, а Клергот заврши со вкупно 18 поени.

Во следното плеј-аут коло, Тиквеш гостува кај Шкупи, а Гостивар игра дома со Вардар.