• Горан Упале

Кошаркарскиот суперлигаш Тиквеш добива ново име во ростерот. Кавадарчани ќе сметаат на услугите на австралискиот бек Бруклин Брутон, кој настапуваше во НБЛ1 лигата во Австралија.
Брутон е роден на 8 декември 2003 година и игра на бековската позиција. Во Австралија го носеше дресот на Баларат Минерс, а сега го очекува нов предизвик во македонската кошарка.
Австралијанецот повеќе од еден месец е во Кавадарци и тренира со екипата, а првите минути во новата средина ги одигра против Работнички.
Со неговото доаѓање, Тиквеш ќе добие дополнителна опција во надворешната линија во продолжението од сезоната во МТЕЛ Супер лигата.








