• Мартин Танасковски

Екипата на Чаир 2030 го одбрани домашниот терен против Тиквеш, славеше во крајно драматичен натпревар со 77-76 и повторно се врати во игра за плеј-офот на кошаркарската Суперлига.
- Комплетниот натпревар меѓу Чаир 2030 и Тиквеш:
Дуелот меѓу двата тима се решаваше во последните секунди, откако Чаир покажа одлична реализација за три во последните неколку минути кога погоди три шута од зад линијата. Тиквеш, пак, во игра беше со „пеналите“, беше сигурен од слободните фрлања, а кавадарчани последниот напад го имаа на 11 секунди пред крајот, но направија грешка со доцна изведен аут.
Веднаш потоа следеше прекршок на Бошалески врз Страдивант, кој не ги реализира двете слободни фрлања, а Тиквеш во нападот за победа не успеа да реализира преку Хокинс. Билигсли беше најдобар кај Чаир кај поентерите со 24 поени и 14 скока, пред Тачи со 17 поени, додека кај Тиквеш се истакна Минси со 20, пред Хокинс со 14 поени. Двајца имаа дабл-дабл кај кавадарчани, тоа беа Персонс (10п, 10с) и Глигоријевиќ (10п, 18с).








