• Иван Димовски
Кошаркарите на Тиквеш ја забележаа втората победа во Првата македонска фудбалска лига, откако дома го совладаа тимот на Феникс 2010 со 97-84.
- Комплетниот натпревар меѓу Тиквеш и Феникс 2010:
Пресметката во Кавадарци беше релативно израмнета, скопјани парираа и се држеа близу во првиот дел, а потоа почнаа да заостануваат. На крајот домашната екипа дојде до заслужена победа.
Одлично отвори Феникс, поведе со 4-14 на стартот, но следеше целосно опуштање и кам-бек на домашните (15-15). До полувремето скопскиот тим беше во контрола, почесто водеше и изгледаше добро, но на одмор се замина со минимално водство на Тиквеш (44-43).
По полувремето се продолжи со слично темпо, но играта и резултатот ја диктираше тимот од Кавадарци. Во последната четвртина Тиквеш почна да се одлепува, поведе двоцифрено, ама пак имаше пад. Издржаа домаќините и во финишот победија убедливо со 13 разлика.
Грин со 25 и Златев со 21 поен го предводеа тимот на Тиквеш, додека кај гостите од Скопје се истакна Митревски со 23 поени.