• Саше Љолес
Досегашниот тренер на Париз Баскет, Тиаго Сплитер, го напушта францускиот клуб и се враќа во НБА лигата, каде ќе работи како помошник во екипата на Портланд Треилблејзерс.
Сплитер ќе биде дел од стручниот штаб на Чонси Билапс и ќе ја има улогата на асистент-аналитичар, но и помошник тренер. Бразилецот беше апсолутен хит со неговиот Париз, кој одигра одлична дебитантска сезона во Евролигата.
За неговите услуги имаше интерес од повеќе НБА франшизи, но се одлучи за Портланд, каде има многу добри пријатели и блиски соработници. Се очекува неговото место во Париз да го заземе Италијанецот Франческо Табелини.
ФОТО/PHOTO: Paris Basketball