Ти-Џеј Шортс вторпат во низа е МВП на францускиот шампионат

Американскиот кошаркар со македонски пасош, Ти-Џеј Шортс, официјално е избран за најкорисен играч (МВП) на францускиот шампионат, каде настапува за екипата на Париз Баскет. 

Шортс на вкупно 24 мечеви бележеше просек од 16,9 поени, со ефикасност од одлични 59.1%, а воедно имаше и осум асистенции по натпревар. За него ова е второ вакво признание во низа, а сезонава беше избран и во идеалната петорка на Евролигата. 

За Шортс постои огромен интерес, па останува да видиме дали ќе се пресели во НБА лигата или ќе замине во Атина, каде за неговиот потпис се борат Панатинаикос и Олимпијакос.