• Горан Упале
Македонскиот репрезентативец, Ти-Џеј Шортс и официјално од следната сезона ќе го носи дресот на европскиот кошаркарски гигант Панатинаикос.
Шампионот на Евролигата од пред две сезони, одлучи да го зајакне плејмејкерското место со Американецот кој поседува македонски пасош и го носи дресот на нашата репрезентација. Шортс пристигнува во Атина по одличните настапи за Париз, каде што се истакна во врвното европско натпреварување. По заминувањето од градот на светлината, Американецот од фановите се прости со емотивно видео, на кои не успеа да ги сочува солзите.
„Оваа одлука не беше лесна и имаше многу емоции. Париз беше мој дом две години“, со солзи на очите рече Шортс во видео-пораката.
Merci pour tout @TjShorts5
Le club te souhaite le meilleur dans la suite de ta carrière pic.twitter.com/ZMcZkf5K98
— Paris Basketball (@ParisBasketball) June 26, 2025
Оваа сезона тој успеа да ги поведе парижани до трофејот во француското првенство и веднаш потоа е промовиран во новата средина.

