Ти Џеј Шортс официјално има нов клуб, ќе игра во Франција

Македонскиот репрезентативен плејмејкер, Ти Џеј Шортс има нов клуб за следната сезона. По освојувањето на Лигата на шампионите на ФИБА и МВП признанието, Американецот замина од Бон. 

Организаторот на играта следната сезона ќе настапува за екипата на Париз во францускиот шампионат. Клубот кој минатата сезона не се пласира во плеј-офот во Франција, сега има повисоки амбиции, а Ти Џеј Шортс е еден од адутите за исполнување на истите. 

25-годишниот американски играч со македонски пасош настапуваше уште за екипите на Кралсхајм Мерлинс, Хамбург Тауерс и Вентспилс по доаѓањето од САД

Во моментов Ти Џеј Шортс е со репрезентативниот табор на Македонија и ќе настапи во претквалификациите за Олимписките игри.