Ти Џеј Шортс одново блесна и го одведе Бон во финалето во Бундеслигата

Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс продолжува со брилијантните партии во Германија и одново беше најефикасен во својот тим Телеком Бон, во пласманот во финалето од германскиот плеј-оф.

Телеком Бон по освојувањето на трофејот во кошаркарската Лига на шампиони е пред нова битка за значаен трофеј. Во полуфиналната серија со убедливи 3-0 совладан беше тимот на Лудвигсбург, а на последниот натпревар Бон славеше со сигурни 73-82.

 
Шортс на теренот помина 29 минути и за тој период забележа дваесет поени, четири асистенции и три скока. Во финалето Телеком Бон ќе игра против Улм, тим кој е вистинско изненадување во шампионатот, бидејќи кон патот до финалето ги елиминираше моќните Алба Берлин и Баерн Минхен.