Ти-Џеј Шортс најдобар стрелец и асистент во октомври во ЛНБ лигата

Како се наближуваат квалификациите за следниот Евробаскет, расте формата на најдобриот македонски кошаркарски репрезентативец.

Ти-Џеј Шортс го заврши месец октомври како најдобар стрелец и прв асистент во француската ЛНБ лига, поради што сосема заслужено е еден од четворицата номинирани за најкорисен играч.

Шортс запиша 15,6 поени и 10 асистенции по натпревар за својот Париз баскетбол, со што води и во двете категории во лигата.

Сепак, тоа не го прави најдобар и според индексот на корисност, туку таму е втор, со индекс 19,6, единствено зад бекот на АДА Блуа, Милан Барбич (индекс 23,2).