• Мартин Танасковски
Македонскиот кошаркаркарски репрезентативец Ти-Џеј Шортс беше еден од лидерите во победата над Полска во последното коло од квалификациите за Евробаскетот и може да добие признание од ФИБА.
Плејмејкерот на француски Париз заврши со 23 поени, ефикасност од поле 89%, а зад своето име имаше уште пет асистенции кои му донесоа 27 индекс-поени. Овој учинок го смести меѓу кандидатите за МВП на колото.
Негова конкуренција се Марио Хезоња (Хрватска), Оливер Нкамуа (Финска), Кевин Ларсен (Данска) и Тригви Хлинасон (Исланд). Својот глас за Ти-Џеј Шортс можете да го дадете ОВДЕ.