Ти-Џеј Шортс ја растури конкуренцијата, Париз го освои Еврокупот и обезбеди „билет“ за Евролигата!

Евролигата доби нов учесник и трет француски претставник - Париз дебитира наесен во најсилното клупско натпреварување во Европа. Еврокупот му се поклони на семоќниот Ти-Џеј Шортс, кој пред една година ја освои Лигата на шампионите на ФИБА со Бон и беше МВП на натпреварувањето, а истото го повтори во второто најсилно европско клупско натпреварување со Париз.

Екипата на македонскиот репрезентативец во целост ја оправда улогата на фаворит и го надигра Бурж како гостин со 81-89. Со тоа Париз го освои првото континентално признание по шест години постоење. Финалната серија заврши со 2-0 за парижани, кои на домашен терен славеа во вторникот, а вечерва го освоија Бурж.

Клубовите со десетгодишен договор, кои имаат загарантирано учество во Евролигата следната есен се: Реал Мадрид, Барселона, Басконија, Олимпијакос, Панатинаикос, Макаби Тел Авив, Анадолу Ефес, Фенербахче, Олимпија Милано, Жалгирис, Баерн Минхен, плус Асвел, потоа Монако, кој го обезбеди следното учество со пласманот во плеј-офот. Ќе видиме што ќе биде со Алба, која наводно има загарантирано учество за натпреварувачката 2024/25 година, а потоа и исходот на АБА лигата, каде шампионот има сигурно место во Евролигата. 

За крај се очекува да бидат доделени „вајлд-карти“ на екипите кои немаат сигурно место во натпреваувањето. Сезоната 2024/25 веројатно пак ќе мине без руските екипи.