• Горан Упале
Екипата на Париз продолжува со фантастични игри и резултати во својата дебитантска сезона во Евролигата.
Францускиот тим е во неверојатна серија од десет победи во европската елита, а последната ја забележа над моќниот Олимпијакос и тоа среде Пиреја. Во пеколната атмосфера во „Мир и пријателство“ парижани го голема драма славеа со 90-96, а одново на паркетот блесна македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс.
Американецот, кој што го носи македонскиот дрес, е вистински хит оваа сезона во Евролигата, а вечерва тоа го докажа и со своите бројки против грчкиот гигант. Шортс натпреварот го заврши со 21 поен, три скока и осум асистенции и беше убедливо најдобар поединец во својот тим. За грчкиот тим се истакна Форние со 25 поени.
Вечерва победа забележа уште еден француски претставник. Монако пред својата публика со 20 поени разлика (100-80) го „тресна“ тимот на Алба Берлин и по поразот од Олимпијакос им се врати на победите во Евролигата.