Ти Џеј Шортс е МВП на плеј-инот во Евролигата!

Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс е официјално избран за најкорисен играч (МВП) на плеј-инот во Евролигата. 

Американецот со македонски пасош повторно прикажа брилијантно издание во натпреварот против Реал Мадрид и го предводеше својот тим до победа која го одведе во плеј-офот на елитното натпреварување. 

Шортс постигна 23 поени, а подели и девет асистенции, со шут од игра 8/17, со што заслужено го освои признанието и доби уште една награда во оваа повеќе од успешна сезона.

Филип Петрушев од Црвена Звезда имаше подобар индексен учинок (34), но неговата екипа беше поразена од Баерн Минхен, а на третата позиција се најде Девин Букер со 21 поен, пет скока и три асистенции.