ТФТ втора сезона по ред ќе игра во БИБЛ-лигата

Најмладиот македонски прволигаш ТФТ и следната сезона ќе има меѓународно учество и ќе биде дел од регионалната БИБЛ-лига, соопштија од натпреварувањето.

Екипата од Тафталиџе лани беше дебитант и во ова натпреварување и во македонскиот шампионат, а во БИБЛ не се посрамоти и дојде до втората фаза. Македонија се очекува да има две места во новата сезона, а еден од тимовите ќе биде ТФТ.

За останатото место постои интерес од повеќе екипи од нашата земја, па допрва ќе се одлучи кој ќе биде вториот претставник.