ТФТ уште во првиот дел ги реши дилемите со Охрид и стави крај на мини-кризата

Кошаркарите на ТФТ Mozzart конечно ѝ ставија крај на мини-кризата и трите натпревари без победа во домашниот шампионат. На отворањето на десеттото коло во Првата кошаркарска лига на Македонија, тимот од Тафталиџе ја оправда улогата на фаворит против Охрид и во ефикасен натпревар славеше со 98-75.

  • Комплениот натпревар меѓу ТФТ Mozzart и Охрид:

За македонскиот претставник во АБА2 лигата ова беше шести овосезонски триумф во домашното првенство, додека Охрид го забележа деветтиот пораз, од десет натпревари.

Домашните кошаркари прашањето на победникот на натпреварот го решија уште во првите две четвртини. ТФТ постигна 29 во првите десет минути и 25 во вторите, па тоа му донесе убедлива предност на полувреме од 21 поен (54-33). Во овој период одлични беа Николов со 11 и Зафиров со 10 поени. 

Ништо ново не донесе ниту паузата, момците на Смилковски продолжија во ист стил, а шанса за докажување добија и кошаркарите од клупата, кои одлично одговорија на предизвикот и на крај ТФТ славеше со 93-75.

Во следното коло ТФТ гостува кај Феникс, а потоа го игра дербито со Работнички