ТФТ со страшен втор дел го освои и теренот на дебитантот

Екипата на ТФТ Скопје успеа да победи на гостувањето кај Маџари (111-90) и останува на првото место на табелата во машката кошаркарска Суперлига.

  • Комплетниот натпревар меѓу Маџари и ТФТ Скопје:

Тимот на Боро Смилковски покажа страшен втор дел на теренот на дебитантот во најдоброто кошаркарско друштво и заслужено ги освои бодовите. За ТФТ ова беше четиринаесетта победа, тимот има еден пораз, скор идентичен како и МЗТ Скопје.

Маџари имаше одличен прв дел и беше рамо до рамо со фаворитот, но по паузата ТФТ ја покажа шутерската сила. Во вториот квартал даде 29 поени, додека во четвртиот период ја „набилда“ разликата со нови 35 постигнати поени и така му нанесе убедлив пораз на Маџари.

Стенли со 21 поен и Ташовски со 20 поени беа најдобри кај победникот, додека кај Маџари на натпреварот се истакна Армстронг со 26 постигнати поени, пред Хот со дабл-дабл од 19 поени и 14 скока.