ТФТ со меч за заборав кај Берое во БИБЛ-лигата

Македонскиот претставник во БИБЛ-лигата, екипата на ТФТ, имаше меч за заборав на гости кај Берое, затоа што доживеа висок пораз (108-73), најтежок во досегашните настапи во регионалното кошаркарско натпреварување.

Тафталиџанци од почетокот до крајот поради слабиот старт и лошата игра во одбраната константно беа во негатива. Противникот уште по десетина минути игра изгради солидна предност, која ја одржуваше во текот на целата средба.

ТФТ во ниту еден наврат не беше во игра за победата, а Берое сите дилеми на овој меч ги реши со феноменалната трета четвртина, во која даде 29 поени, наспроти девет промени и ја обезбеди највисоката предност од +39 (89-54).

Најдобар кај Берое беше Џин Дерик со 28 поени, а го следеше Никола Стојанов со 14 поени, додека кај ТФТ, Тајрон Харис запиша 20 поени, а Андреј Митревски, Ландриус Хортон и Ланклан Андерсон имаа по 10 поени.

Следната средба за ТФТ во регионалното натпреварување ќе биде повторно во Бугарија. Тимот на Боро Смилковски е на „турнеја“, па чека на меч со досега непоразениот тим Академик Пловдив кој е закажан на 10 декември.

ТФТ досега има одиграно пет меча во БИБЛ, а скорот е 2-3.