• Горан Упале

Американскиот кошаркар Рејмонд Самервил и официјално е нов член на литванскиот Нептунас Клаипеда, каде што ќе настапува во сезоната 2026/27.
Самервил зад себе остави одлични партии во дресот на ТФТ, а скопскиот клуб со емотивна порака му се заблагодари за придонесот и му посака успех во новата средина.
„Твојата напорна работа, посветеност и ангажман ти ја донесоа оваа можност и не можеме да бидеме посреќни за тебе. Ова е уште еден доказ дека ТФТ се движи во вистинската насока. Со среќа Реј! Еднаш дел од семејството на ТФТ, секогаш дел од семејството на ТФТ“, стои во соопштението на македонскиот клуб.
Самервил во новата сезона со Нептунас Клаипеда ќе се натпреварува во Еврокупот.


