• Зоран Мишевски
Македонскиот кошаркарски прволигаш ТФТ Скопје забележа победа во контролен натпревар против Балкан во Ботевград со 72-80 (21-22, 24-12, 18-16, 17-22).
Кошаркарите на ТФТ на полувремето заминаа со двоцифрено водство (34-45), а предноста ја зачуваа до крајот на дуелот во Арена Ботевград. Петмина кошаркари во редовите на ТФТ постигнаа десет или повеќе поени, а најефикасен беше Џелин Гафни со 22 кошеви.
Новата сезона во македонската машка кошаркарска лига започнува на 5 октомври, а ТФТ Скопје во воведното коло ќе го пречека новиот прволигаш Куманово.