• Горан Упале
Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје и официјално ќе биде дел од регионалната АБА 2 лига и во наредната сезона 2026/27.
По одличните резултати минатата сезона, кога ТФТ го освои второто место во АБА 2 лигата и заврши како првопласирана екипа во регуларниот дел од Првата македонска лига, клубот обезбеди континуитет на настапите на регионалната сцена.
Од клубот изразија благодарност до раководството на АБА лигата за укажаната доверба и можноста повторно да бидат дел од ова регионалното натпреварување.
Во ТФТ најавуваат дека со голема мотивација и амбиција ќе влезат во новата сезона, со јасна цел – уште поголем резултат и достојно претставување на македонската кошарка во регионот. Клубот од Тафталиџе веќе се етаблира како сериозен фактор во АБА 2 лигата, а очекувањата за следната сезона се уште повисоки.
