ТФТ Скопје го дозна термините за баражот за влез во АБА!

Македонскиот кошаркарски суперлигаш ТФТ Скопје заврши како вицешампион во АБА2 лигата. Тимот од Тафталиџе беше на чекор до пласман во елитното натпреварување, но ја загуби финалната серија против Широки. Сепак, ТФТ сè уште има шанси за историско учество во АБА лигата. 

Таа ја доби преку баражот за пополнување на елитното натпреварување, во кој ќе се судри со Борац Чачак, претпоследниот тим во најсилната лига оваа сезона.

Познати се и термините на одигрувањето на бараж натпреварите. Ќе се игра на две добиени, а првиот дуел е закажан за на седми мај во Чачак. Реваншот на програмата е на десетти мај во Скопје, а евентуалната „мајсторка“ ќе се игра во Чачак, но засега терминот не е познат.