ТФТ „скапо ја продаде кожата“, но сепак загуби од Макаби Хаифа

Кошаркарите на ТФТ го одиграа претпоследниот натпревар во втората фаза од Балканското натпреварување. Гостуваа во Хаифа, каде, и покрј добриот настап, загубија од Макаби Хаифа со 91-85.

Извонредна прва четвртина одиграа кошаркарите на ТФТ во Хаифа. Иако без основниот организатор на играта, Александар Костоски, кој поради повреда, остана во Скопје, „црно-белите“ реализираа дури 30 поени, противникот го оставија на само 18, за двоцифрено водство на истекот на тој најдобар период во играта. Одлично функционираше двоецот Бишоп-Хортон, кој во првото полувреме ги погоди сите шест тројки на екипата од Скопје.

Сепак, до крајот на првото полувреме, Макаби успеа да се доближи на негатива до само два поени (46-48), домаќинот го доби вториот период со двоцифрени 28-18.

Македонската екипа водеше се до 32. минута, кога противникот успеа да ја надополни негативата од девет поени (53-62) која ја имаше во третата четвртина. Макаби успеа да израмни на 67-67, потоа и на 73-73, како што беше две минути подоцна. Но, Израелците ја продожија серијата по која стигнаа и 78-73.

Путни на едната и Хортон на другата страна делуваа непогрешливо. Макаби имаше повеќе расположени играчи на оваа средба, и некако успеа да ја оправда улогата на фаворит. 

Хортон застана на бројката од 30 poeni (3/9 за три и 8/10 за два поени), и шест скока, двоен број на поени постигнаа уште и младиот Ташовски (12), како и Бишоп (11), додека Амир Смит беше многу блиску до „дабл-дабл“ ефект, (девет поени и десет. скока).

По овој петти натпревар во вториот круг од натпреварите во БИБЛ конкуренцијата, екипата на ТФТ има скор 0-5. Својот последен натпревар во балканската конкуренција за оваа сезона кошаркарите на ТФТ ќе го одиграат на осми април во Ботевград, каде ги чека екипата на Балкан.