ТФТ се засили со уште еден Американец, доаѓа Брајан Гринли

Македонскиот кошаркарски прволигаш ТФТ Скопје го промовира второто засилување за следната сезона. 

Откако вчера се пофалија со Меки Лонг, сега тимот од Тафталиџе го промовира Брајан Гринли. Се работи за американски кошаркар кој минатата сезона играше за Флорида Атлантик во НЦАА лигата. 

Би Џеј Гринли како што популарно го нарекуваат бележи просек од 8,1 поени и настапува на бековските позиции. 

ТФТ се пофали дека го засилува тимот со втор Американец, а во следната сезона ќе се натпреварува веројатно само на македонската сцена.