ТФТ се препоти против „фенерџијата“ Вардар, до нова победа стигна со еден разлика

Екипата на ТФТ Скопје потешко од очекуваното го скрши отпорот на „фенерџијата“ Вардар и ја запиша седмата победа од осум одиграни натпревари во новата сезона во Првата кошаркарска лига на Македонија.

  • Комплетниот натпревар меѓу Вардар и ТФТ Скопје:

Скопските ривали одиграа крајно возбудлив и израмнет натпревар, што секако ги изненади кошаркарските фанови во нашата земја, бидејќи тимот од Тафталиџе важеше за голем фаворит против екипата која што до ова коло имаше седум порази од исто толку натпревари. 

Вардарци одлично се држеа во речиси целиот натпревар, дури во втората четвртина беа подобриот ривал на паркетот, но кога беше најпотребно момците на Боро Смилковски покажаа карактер и квалитет и во драматичен финиш славеа со само еден поен разлика (79-80).

Хотон со 18 и Зафиров со 14 поени беа најдобри поединци во таборот на победничкиот тим, додека за Вардар блесна Бајрам со 31 поен.