• Иван Димовски

Кошаркарскиот прволигаш ТФТ Mozzart промовира ново име за креативниот дел од тимот.
Нов кошаркар на клубот од Тафталиџе е Алан Луис, кошаркар со двојно државјанство од Хаити и Канада. Се работи за плејмејкер кој треба да ја организира играта на тимот во новата сезона.
Луис доаѓа во ТФТ од редовите на Алајанс Монтреал од Канада. Во минатата сезона тој бележеше просек од 9,3 поени, 5,3 асистенции, 3,8 скока и 1,2 украдени топки за околу 28 минути на паркетот.
25-годишникот се очекува да биде добра адиција за напаѓачкиот арсенал на ТФТ.