• Мартин Танасковски

Екипата на ТФТ Скопје потпиша со уште еден млад кошаркар и објави дека постигнат е договор со македонскиот репрезентативец Матеј Митревски.
Станува збор за 19-годишен млад и перспективен бек-шутер, кој во Тафталиџе доаѓа од Вардар, а под водство на тренерот Боро Смилковски ќе добие можност да продолжи да се развива и да го покаже својот потенцијал.
Матеј е уште еден дел од определбата на ТФТ за развој и афирмација на македонските млади кошаркари, кои ќе имаат шанса за докажување во Првата македонска лига, но и на регионалната сцена во АБА-2 лигата.


