ТФТ покажа моќ со Кожув, дури тројца кошаркари до „дабл-дабл“!

Кошаркарите на ТФТ од Тафталиџе се радуваа на втора победа во Првата кошаркарска лига, откако на домашен терен одиграа убедлив меч против Кожув (83-62). Дебитантот меѓу прволигашите, во минатото коло се радуваше кај Црн Дрим, а сега ги изненади гевгеличани во Скопје. 

Тимот од главниот град уште на стартот покажа дека ќе оди па победа. Со одлична серија, прв пат се одлепи со 12-4, предност која иако се намали, ТФТ успеваше да ја одржи. Вториот период започна изедначено и гостинот од Гевгелија се врати и минимално поведе. Сепак, со неверојатна серија од 25-6, ТФТ на полувреме замина со 55-34. 

Кожув успеа да се врати во натпреварот, ама само делумно. Одигра убедлива трета четвртина која ја доби со 20-7, па предноста на ТФТ се „стопи“. Специфичноста на овој натпревар се потврди и во последниот период. 

Иако конечно се врати во ритам по полувремето, гостинот од Гевгелија беше целосно инфериорен во финишот. Како што Кожув успеа да го задржи ТФТ во третата, така успеа тимот од Тафталиџе во последната и гостинот даде само осум поени, па така домаќинот славеше убедлива победа. 

Интересно, дури тројца кошаркари на ТФТ имаа „дабл-дабл“ учинок и по 23 поени на своето конто. Плејмејкерот Харис ги комбинираше со десет асистенции, додека Андерсон и Смит имаа и по 13 скокови. Во овој тим, само уште Сапунџиев (3) и Митревски (11) успеаа да запишат поени на своето конто. Кај Кожув, најафикасен беше Максвел, кој уфрли 17 поени.