ТФТ по две години се раздели со Дарин Говенс

По две сезони минати во дресот на ТФТ, Дарин Говенс и официјално се раздели со скопскиот клуб.

Американскиот кошаркар беше еден од лидерите на тимот во изминатиот период и важна алка во успесите на ТФТ на домашната и регионалната сцена. Од клубот му се заблагодарија за сè што го направи во изминатите две години, нагласувајќи дека со својата професионалност, посветеност и лидерски квалитети оставил силен белег во соблекувалната и на теренот.

Засега не е познато каде Говенс ќе ја продолжи кариерата. Досега тој настапуваше во повеќе лиги ширум Европа, а се очекува во следниот период ТФТ да одреди замена за Американецот со унгарски пасош.