ТФТ остана без Ленард, се враќа „пантерот“ или ќе има ново име од САД?

Екипата на ТФТ среде сезона остана без плејмејкерот Еван Ленард и бара алтернатива, а веќе се разгледуваат можностите на пазарот за да се донесе ново име.

Ленард ја скина Ахиловата тетива и за него следи долга пауза. Сезоната е завршена, па тренерот Смилковски ќе мора да добие ново име во ростерот. Неколку кошаркари се во игра, се споменува и враќање на популарниот „црн пантер“, плејмејкерот Тај Харис кој пред извесен период го носеше дресот на ТФТ, па си замина од Македонија во Турција, но брзо ја заврши авантурата.

Исто така во игра се уште имиња од Соединетите Американски Држави, кошаркарски терен кој клуб како ТФТ добро го познава, затоа што досега донесе неколку кошаркари кои се „руки“ во европската кошарка, ама се покажаа како полн погодок во македонската лига.

ТФТ бележи одличен старт во домашната лига и има четири победи во воведните четири кола.