ТФТ носи уште едно американско засилување на крило

Тафталиџе ќе гледа прволигашка кошарка, ТФТ се подготвува за претстојната сезона, а амбициите на тимот се високи, затоа што почнаа да се носат нови играчи и најавено е уште едно засилување од САД.

Дознаваме дека пред потпис со екипата е Чејс Шелмен (1997, 201 сантиметар). Се работи за играч кој игра на обете крилни позиции и се очекува да биде од голема помош за тимот. Американецот доаѓа во Европа од тимот на Спринг Хил Беџерс.

Бројките кои 23-годишниот играч ги забележа во САД се одлични, затоа што просекот вели дека има „дабл-дабл“ по натпревар - тоа е 19 поени, 10 скока и 3 асистенции по натпревар.

За ТФТ тој ќе биде вториот американски кошаркар по ангажманот на Тај Харис кој доаѓа од ФМП, а претходно настапуваше и за Шкупи и Пелистер.