ТФТ му посака добредојде на Харис, најавени се уште засилувања

ТФТ по пласманот во прволигашкото друштво се насочува кон формирање на ростерот. Првата аквизиција доаѓа од Соединетите Американски Држави, а се работи за афроамериканецот Тај Харис.

Афроамериканецот кој има 28 години во мак-баскетот има настапувано за екипите на Шкупи, Пелистер и ФМП, така што настапите во ТФТ во мак-лигата нема да му бидат непознаница.

Харис е роден во Хоума, Лузијана, а покрај во македонските екипи, настапуваше и во НЦАА лигата во Соединетите Американски Држави и во екипата на Слобода Тузла во босанското првенство. Висок е 188 сантиметри и тежок 79 килограми.

Договорот меѓу Харис и ТФТ е на една сезона, со можност истиот да биде продолжен на уште една година. Тимот од Тафталиџе нема да застане со засилувањата, затоа што сака да склопи конкурентен тим за настап во Првата лига.