• Зоран Мишевски

Македонскиот претставник во АБА2 лигата и еден од најмладите и најамбициозните клубови, ТФТ Mozzart ја наполни касата на Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ), заради грешки во организацијата и недолично однесување
Кошаркарскиот клуб ТФТ Mozzart ќе треба да плати вкупна сума од 63.400 денари по повеќе основи, за настаните од натпреварот против Навико Академија ФМП, одигран минатиот викенд во СРЦ „Кале“.
41.600 денари е казната заради техничките грешки и исклучувањето на тренерот Боро Смилковски кој мораше да го напушти теренот во последната четвртина. За двете технички што ги доби, ќе треба да плати 9.600 денари, а 32.000 се поради пријава од службените лица за „закани, навреди, пцости кон нив по исклучувањето“.
Дополнителни 8.000 денари изнесува казната за неспортско однесување на навивачите на ТФТ Mozzart, по 6.400 денари ќе платат Лаклан Андерсон и Дупре Мекбајер за техничките грешки, а Виктор Ташовски за флопинг е казнет со 1.000 денари.