ТФТ менува странци, го промовира Еван Ленард

Екипата на ТФТ менува странци во својот тим и претстави нов играч од Соединетите Американски Држави кој доаѓа на местото на друг.

Еван Ленард, 25-годишен кошаркар од зад барата, доаѓа во тимот од Тафталиџе. Бекот доаѓа од Универзитетот Ирвајн, каде во просек имаше 12,5 поени, 3,4 скока и 2,1 асистенција по натпревар. Ленард во клубот доаѓа како замена за Јован Моринг, од кого клубот се откажа и нема да го ангажира за следната сезона.

Претходно 19-годишниот Виктор Ташовски од Вардар потпиша соработка на две години, а клубот ги доведе и Маслинко и Тревон Бродвеј Џуниор.

Новата сезона ќе започне во октомври, а на младиот скопски клуб цел му е чекор понапред во споредба со минатата сезона - пласман во Суперлигата.