ТФТ ќе ја отвори втората групна фаза во БИБЛ, во Скопје ќе гостува Берое

Екипата на ТФТ ќе го пречека Берое на стартот од втората Групна фаза во рамки од балканската БИБЛ лига.

Македонскиот претставник се најде во група заедно со бугарскиот клуб и Хапоел Гилбоа Галил. Вториот тим од нашата држава Куманово ќе се надигрува во другата група, заедно со Академик Пловдив и Хапоел Холон.

Победниците на групите ќе обезбедат пласман на завршниот турнир на кој ќе биде познат новиот БИБЛ шампион.

Завршната фаза од оваа сезона ќе се одигра во март и првата недела од април, а турнирот на кој ќе биде познат владетелот на балканската лига треба да се одржи на средината од април.

Распоред на натпреварите:

  • 24 февруари: ТФТ – Берое
  • 3 март: Куманово 2009 – Академик Пловдив
  • 8  март: Берое – Хапоел Гилбоа Галил
  • 10 март: ТФТ – Хапоел Гилбоа Галил
  • 12  март: Куманово 2009 – Хапоел Холон
  • 16  март: Хапоел Гилбоа Галил – ТФТ
  • 18 март: Хапоел Гилбоа Галил – Берое
  • 25 март: Академик Пловдив – Куманово 2009
  • 31 март: Берое – ТФТ
  • 2 април: Хапоел Холон – Куманово 2009
  • 8 април: Академик Пловдив – Хапоел Холон