ТФТ ќе игра во нов кошаркарски „дом“ во новата сезона

Македонскиот суперлигаш ТФТ Скопје соопшти дека во сезоната 2026/27 своите домашни натпревари во македонската лига и АБА2 лигата ќе ги игра во спортската сала „Т Арена“ (СЦ „Борис Трајковски“).

Од клубот истакнуваат дека ова претставува значаен чекор напред во организациски и спортски аспект, како и дополнителна потврда за нивната поврзаност со општина Карпош.

Во новата сезона, малата сала во комплексот ќе биде користена како тренинг-база на тимот, додека сите официјални домашни натпревари ќе се играат во големата сала на „Т Арена“.