ТФТ како фурија мина крај Теодо во БИБЛ

Македонскиот претставник во БИБЛ-лигата, екипата на ТФТ, прокнижи нови бодови и остана во игра за следна фаза, затоа што славеше на домашен терен над Теодо (104-86) во меч во кој целосно се доминираше.

Само првиот квартал беше изедначен, затоа што гостинот од Тиват беше блиску до ТФТ. По десет минути игра резултатот гласеше 25-23, а потоа почна доминацијата на тимот на Боро Смилковски.

Клуч во играта на тафталиџани беа шутевите за три. Одличната реализација од зад линијата на ТФТ му донесе предност од 51-40 на паузата, а на сцена се покажаа Тај Харис и Андреј Митревски. Потоа, сè беше полесно за домашните, а она што може да го радува тренерот е што темпото на игра не падна. ТФТ постигна над 23 поени во секој период на мечот.

Најдобар кај победникот беше Тај Харис со 24 поени, го следеше Ланклан Андерсон со 18 поени, а потоа на листата беа одличниот Андреј Митревски со 16 поени и само едно промашување од поле и Амир Смит, исто така со 16 поени. Кај Теодо, Булатовиќ и Ѓуровиќ имаа по 16 поени.

  • Комплетниот натпревар на ТФТ и Теодо:

ТФТ со оваа победа ја прекина лошата серија во БИБЛ од пет порази и има скор 3-6 поради кој се наоѓа на третата позиција. Зад него се Берое, Куманово и Ибар, ама трите тима имаат по шест натпревари, наспроти осумте на дебитантот.