ТФТ им одржа лекција на Ангели за десетта суперлигашка победа во низа!

Кошаркарите на ТФТ Скопје без никакви проблеми ја оправдаа фаворитската улога и славеа убедлив триумф на гостувањето кај Ангели (66-95) во натпреварот од 17. коло на македонската Суперлига. 

  • Комплетниот натпревар помеѓу Ангели и ТФТ Скопје: 

Избраниците на Боро Смилковски одиграа идентични три четвртини (постигнаа по 25 поени), не дозоволувајќи му на домаќинот да се понадева на било какво изненадување.

На паузата резултатот гласеше 40-50, а потоа ТФТ само ја зголемуваше разликата и заслужено го впиша шеснаесеттиот сезонски триумф, со кој се задржува на врвот на табелата. 

Најдобар поединец кај победниците беше Виктор Ташовски со 23 поени, а на спротивната страна 18 поени уфрли Денг Ренг. Во следното коло, Ангели гостуваат во Кавадарци кај Тиквеш, додека ТФТ се подготвува за дерби против шампионот МЗТ Скопје.