ТФТ и Куманово добија нов распоред за вториот дел од сезоната во БИБЛ

Раководството на БИБЛ кошаркарската лига во која оваа сезона учествуваа две македонски екипи ги информираше клубовите дека се направени неколку нови промени во календарот за натпреварување.

Поради неколку одложени мечеви во есенскиот дел од сезоната, натпреварите во јануари и февруари ќе се играат по променет распоред, а двете групи „балканската“ и „израелската“ ќе треба да финишираат до крајот на првата недела на февруари. 

Првопласираните четири екипи од „балканската“ заедно со најдобрите две од „израелската“ група ќе формираат нови две групи (по три екипи), во кои не може да играат екипи од една иста земја. Втората фаза ќе се одржи од 9 февруари до 7 април, а потоа првопласираните две екипи ќе играат на завршниот турнир кој е планирано да се игра во периодот од 16 од 18 април, 2021 година.

Во овој момент, екипата на ТФТ има одиграно осум натпревари во ова балканска конкуренција. Тимот од Тафталиџе има скор од две победи и шест порази.

Поради проблемите кои ги донесе корона вирусот, екипата на Куманово пак одигра двојно помалку натпревари, четири. Со половичен ефект, две победи и два порази.

Распоредот на натпреварите на македонските претставници во БИБЛ: 
5 јануари: Куманово – Ибар
12 јануари: Берое – Куманово
13 јануари: ТФТ – Теодо
14 јануари: Академик  - Куманово
26 јануари: Теодо – Куманово
27/28 јануари: Ибар – Куманово     ???  
2 февруари: Куманово – Берое
3 февруари: ТФТ – Ибар