ТФТ го „тресна“ Борац во Бања Лука за втора гостинска победа во АБА 2!

Кошаркарите на ТФТ Скопје се изборија за втората гостинска победа во АБА 2 лигата, откако вечерва славеа кај екипата на Борац од Бања Лука со конечен резултат 62-80. 

Избраниците на Боро Смилковски одиграа одличен натпревар и ги добија првите три четвртини во своја полза, а на паузата резултатот гласеше 31-35. Предноста се зголеми и по третиот период, а последните десет минути донесоа и највисоки +21 за скопскиот состав.

Борац се обиде во завршниот период да се врати во мечот и да не дозволи пораз пред своите гледачи, но ТФТ беше во одличен налет и не дозволи да си ја загрози започнатата мисија. 

До крајот на мечот видовме поголемо залагање од домашниот тим, но без особен успех кога се работи за конечниот епилог. Американците во гостинскиот тим беа во одличен налет и постојано забиваа, на моменти измамувајќи аплаузи и од публиката во салата. Најдобар поединец кај победничкиот состав беше Џастин Гордон со 28 поени, а во редовите на Борац се истакна Душан Макитан со 15 поени. 

ТФТ Скопје сега има учинок од три победи и два порази, а во следното коло ќе ги одмери силите со екипата на Слобода Тузла. Овој натпревар ќе се одигра на 21 јануари.