• Иван Димовски
Кошаркарите на ТФТ Скопје славеа во градската пресметка со Шкупи (82-73), во рамките на петтото коло на Првата македонска лига. Тимот на Боро Смилковски и по пет рунди остана максимален, единствен со таков скор.
- Комплетниот натпревар меѓу ТФТ Скопје и Шкупи:
На стартот гостинот во СРЦ „Кале“ се наметна и водеше, но не успеа да се одлепи. Имаше Шкупи предност и во втората четвртина, а пред полувремето ТФТ се консолидира и го презеде водството. На пауза се замина со домашна предност од 40-34.
Во продолжението тимот од Тафталиџе отвори одлично, беше перфектен на теренот и сериозно се одлепи, па во последната четвртина се влезе со дотогаш највисоки „плус 21“ (70-49). Шкупи немаше сили за кам-бек во завршницата и на крајот претрпе убедлив пораз од градскиот ривал.
Најефикасен играч на мечот беше Арчи Шаке со 21 поен, додека кај ТФТ се истакна Иван Сапунџиев со 13.