• Иван Димовски

Кошаркарите на ТФТ Скопје се радуваа на победа во четвртиот меч од четвртфиналната серија против Чаир 2030 од 70-69 и се пласираа меѓу четирите најдобри во Првата македонска лига. Натпреварот во СРЦ „Кале“ понуди голема драма до самиот крај, а момците на Боро Смилковски го искористија првиот домашен меч за влез во полуфиналето.
- Комплетниот натпревар меѓу ТФТ и Чаир 2030:
Се влезе од стартот израмнето и со игра кош за кош. Највисоката предност во првата четвртина ја имаа чаирчани (12-18), а потоа на крајот на десетте минути резултатот гласеше 17-20. Чаирчани се наметнаа во втората четвртина и успеаја да поведат првпат со повеќе од две акции разлика. Во неколку наврати гостите имаа плус од осум поени, но на одмор се замина со 38-40.
Сепак, третиот период беше критичен за Чаир 2030, а тоа ТФТ знаеше да го казни и го доби со 22-9. Избраниците на Боро Смилковски во оваа четвртина достигнаа највисока предност од 60-45 во пресрет на завршницата. Ниту тогаш Чаир 2030 не запре, напротив влезе во одлична серија и дојде до минимална предност во последната минута од 68-69 и во завршните секунди Ташовски и Хотон реализираа по едно слободно фрлање за конечна победа. Најефикасниот играч на натпревар доаѓа од Чаир 2030, а тоа беше Бревин Галовеј со 26, додека кај ТФТ се истакна Виктор Ташовски со 18.
ТФТ така е третиот полуфиналист во првенството по Работнички и Пелистер. На патот на серија со тимот од Тафталиџе е шампионот МЗТ Скопје кој води 2-0 против Гостивар.