ТФТ го мина и Гостивар и пак е на „пол-позицијата“

Екипата на ТФТ Скопје успеа да слави на гостувањето кај Гостивар (93-83) и така повторно се врати на првото место на табелата по десет одиграни кола во машката кошаркарска Суперлига.

  • Комплетниот натпревар меѓу Гостивар и ТФТ Скопје: 

Тимот на Боро Смилковски имаше израмнет старт со ривалот (21-21), а потоа по блесок на Гостивар пред паузата, почна да гради предност во своја полза која константно ја одржуваше. Клучна за победата на ТФТ беше второто полувреме, поентерски одиграно далеку подобро од ривалот.

Џастин Гордон имаше 19 поени кај победникот, пред Виктор Ташовски со 16 поени, додека кај Гостивар, се истакнаа Абрам со 18 и Елеребе со 17 постигнати поени.

ТФТ по десет одиграни кола има скор 9-1, а единствен тим кој славеше над тафталиџани во досегашниот дел од сезоната е МЗТ Скопје. Гостивар, пак, е претпоследен на табелата со скор 2-8.