ТФТ го менува Брендан Бејли со Тревон Бродвеј Џуниор од САД

Екипата на ТФТ донесе ново американско засилување во ростерот за следната сезона и потпиша договор со Тревон Бродвеј Џуниор.

Се работи за 23-годишен крилен играч, руки од Централ Мичиген Универзитетот и во изминатата сезона на 18 натпревари на кои сите тргна како стартер забележа 17,9 поени и 5,4 скока по натпревар.

Американецот доаѓа на местото на Брендан Бејли, кој поради принова во семејството останува во САД и нема да игра за ТФТ во претстојната сезона. Од клубот му дадоа дозвола да бара нов ангажман во летната НБА или „Џи“ лига, но, сепак, правата за Европа остануваат кај клубот од Тафталиџе.

ТФТ има пет странци во составот. Покрај Бродвеј, играчи надвор од нашите граници се уште Јован Морнинг, Еј-Џеј Џон, Амир Смит и Ландриус Хортон.