• Мартин Танасковски

Македонскиот претставник во БИБЛ-лигата, екипата на ТФТ, успеа да дојде до важна победа над Ибар на домашен терен (87-83), а признанието за најдобар играч го доби токму член на тафталиџани.
Ландриус Хортон, 23-годишен бек од САД, го заврши натпреварот со вкупно 35 постигнати поени и зад своето име имаше уште осум скока и пет асистенции. Хортон имаше реализација 11/14 од поле (3/4 за два, 8/10 за три), додека од линијата за слободни погоди 5/7 обида.
ТФТ со победата над Ибар ја прекина низата од два порази и се наоѓа на третото место на табелата. Тоа е една од позициите кои водат во втората фаза на БИБЛ. Следен меч за ТФТ во ова натпреварување е на 24 јануари против Ирони Нахарија од Израел.