ТФТ го ангажира првото странско засилување за новата сезона

Македонскиот прволигаш ТФТ Скопје почна да работи на ростерот за следната сезона и потпиша договор со американскиот кошаркар Тревор Џасински.

Се работи за 25-годишен кошаркар кој настапува на крилната позиција, а доаѓа од холандскиот шампионат каде во Лимбург ја имаше првата европска авантура, или втора во професионалната кошаркарска кариера.

Џасински е првото засилување за актуелниот Куп-освојувач на Македонија. ТФТ оваа сезона дојде до плеј-офот на домашната сцена, а се оди чекор понапред и во новата сезона се поскакува излез во еврокуповите и се чека на местото.

Џасински во тимот на ТФТ ќе биде замена за Ландриус Хортон кој замина во Шведска.