ТФТ го донесе професионалецот за „дабл-дабл“ од САД

Новиот кошаркарски прволигаш ТФТ донесе ново засилување во своите редови и го потврди потписот со американскиот кошаркар Чејс Шелмен.

Крилото кое е родено во 1997 година за првпат ќе игра професионална кошарка во Европа. Досега тој настапуваше во САД каде го носеше дресот на Спринг Хил Беџерс, тим во кој ако се собере просекот, беше професионалец за „дабл-дабл“.

Просекот на Шелмен во дресот на тимот од „зад барата“ беше 19 поени, 10 скока и 3 асистенции по натпревар. Американецот за ТФТ е второто странско засилување по Тај Харис.

ТФТ е новајлија во прволигашкото друштво и влезе како најдобра екипа заедно со Црн Дрим.